Македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) соопшти денеска дека влезот за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023, ќе биде слободен.
-Мотив повеќе за сите искрени љубители во наредните денови да дојдат во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите во двете конкуренции, вкупно десет, преку кои ќе ги добиеме новите освојувачи на трофејот наменет за најдобрите две екипи во Купот, се наведува во соопштението на КФСМ.
Натпреварите стартуваат утре напладне кога се игра првиот четвртфинален натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув, а ќе кулминираат в сабота со двете финални средби, од 16.30 часот во женска, и од 19.30 часот во машка конкуренција.