Skopje challenge extreme festival 2014 – Прв меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014

Од:

Денеска на кејот на Вардар кај Камениот мост, скејтерџиите, ролерџиите и возачите на бмх-велосипеди, ќе изведат дел од егзибициите што ќе биде најава за Првиот меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014, што ќе се одржува од утре до 4-ти октомври на Скејт паркот на кејот на Вардар.

Попладне, во 17 часот, во Скејт паркот ќе се одржат првите тренинзи, а квалификационите возења се закажани за утре во истото време (17 часот), на 2 октомври, кога ќе возат скејтерите. На 3-ти октомври (петок), во 17 часот, во Скејт паркот, ќе се одржат квалификациите за натпреварувачите на ролери (блејдери), а в сабота, во 14 часот, на распоредот на турнирот се квалификациите на БМХ.  Финалето во скејтбордање, ролери и бмх ќе се одржи в сабота /4.10.2014 година/ на новиот Скејт парк на кејот на Вардар во 17 часот, кога најдобрите поделени во две групи од по 3 возачи, во 5 обиди на вешти возења ќе се борат за освојување на првите три места.

На првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови-Скопје 2014, ќе учествуваат возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 возачи на скејт, 15 возачи на ролери и 20 возачи на бмх велосипеди.

Судиите на овој прв турнир од ваков тип во нашава држава, доаѓаат од Словенија, а еден од најдобрите судии е Изток Суматич, којшто е судија и на Олимписките игри за екстремни спортови.

Наградниот фонд е вкупно 1 050 евра. По 200 евра за прво, 100 евра за второ и по 50 евра за трето место во трите категории, односно  скејт, ролери и БМХ, а во текот на одржувањето на Турнирот, ќе настапат и голем број ди-џеи.

Град Скопје, за одржување на овој настан, од Буџетот преку Програмата за спорт за 2014 година, издвои 100.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак