ŠKODA го освои светскиот рели шампионат

Од:

Тимот на ŠKODA Motorsport е севкупен победник на светскиот рели шампионат (WRC 2), а двајцата возачи на тимот, Финците Лапи и Ферм ги освоија титулите најдобар возач и совозач на ова натпреварување. Со тројната тутула, ŠKODA Motorsport го постигна својот најголем успех во својата 115-годишна историја.

Лапи и Ферм победија на последното рели од шампионатот кое се одржа во Австралија, при што ги обединија титулите за најдобар возач и совозач за целата сезона искачувајќи се на врвот со FABIA R5.

„Ова е ден за славење за брендот ŠKODA и јас сум горд на целиот ŠKODA Motorsport тим. Се разбира, најмногу на Лапи и Ферм кои го наградија целиот тим со нивните фантастични возења оваа сезона. Голема благодарност и до инженерите и механичарите, без кои немаше да го постигнеме овој успех“ – изјави Михаил Храбнек, диркетор на ŠKODA Motorsport.

Тој го потенцираше успехот како потврда за одличната работа на одделот за развој на чешкиот автомобилски производител.

„ŠKODA FABIA R5 годинава освои 10 од 13 трки во WRC 2. Тоа кажува сѐ за квалитетот и брзината на нашето рели возило“ – рече Храбнек.

Всушност, FABIA R5 е комплетен победник на шампионатот. Со неговата победа на финалната трка на светскиот шампионат во Австралија, Лапи се искачи на врвот во генералниот пласман со 130 поени и како шампион стана наследник на Насер Ал Атијах.

Победата на Лапи и Ферм во ниту еден момент не беше доведена во прашање на 280 километри долгата патека на релито во Австралија на тешка подлога. Лапи ја извојува четвртата победа по ред , со што на тимот на ŠKODA му ја подари десеттата победа и 25 искачување на подиумот за FABIA R5 во светскиот рели шампионат откако новото рели возило го имаше своето деби на релито во Португалија во мај минатата година.

Дваесетипетгодишниот Лапи го прославува својот најголем успех во кариерата со шампионската титула во WRC 2. Тој ја освои титулата европски шампион во 2014 година, но годинашнава победа која доаѓа по многубројни трки против најдобрите возачи и автомобили во класата WRC 2 може да се рангира уште повисоко.

„Пресреќен сум. Ова е еден од најголемите денови во мојот живот како рели возач. Нервозата пред почетокот на релито во Австралија беше голема, но за среќа Јане и јас останавме со студени глави низ сето тоа и обезбедивме заслужена победа за целиот тим. Благодарност до целиот тим на ŠKODA Motorsport кој секогаш ни обезбедува совршени автомобили. Сега може да прославиме заедно“ – изјави Лапи по победата во Австралија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна

ВИДЕО: Ги покажа градите на релито – возачот излета од патеката

Предраг Петровиќ