Она што се шпекулира со недели се чини дека е потврдено. Златан Ибрахимовиќ и Иван Газидис не најдоа заеднички јазик, па искусниот напаѓач ќе го напушти Милан по истекот на неговиот договор.
Според „Скај Спорт Италија“, нема ништо од договорот меѓу поранешниот играч на репрезентацијата на Шведска и Милан. Несогласувањето се должи на платата, бидејќи напаѓачот побарал шест милиони евра, а Газидис има намера да спроведе мерки за штедење, а таа бројка едноставно не се вклопува во буџетот. Иако, многумина веруваат дека Газидис воопшто немал намера да го задржи 38-годишниот, па ова му помогнало.
Сега, практично има само едно решение за продолжување на кариерата, а тоа е да се врати во својата татковина, каде би играл за Хамарби, каде има и акции.
Ибрахимовиќ се врати во Милан во јануари, за кој постигна четири гола на 11 натпревари. Во претходниот период од 2010 до 2012 година, тој учествуваше во освојување на последната титула во Серија „А“ во 2011 година.