Сити протестира за присуство на навивачи на дуелот со ЦСКА

Од:

Манчестер Сити изрази негодување поради присуството на значителен број гледачи на натпреварот од Лигата на шампионите со ЦСКА во Москва иако рускиот претставник е казнет три натпревари без публика.

Капитенот на „граѓаните“ Винсен Компани ја критикуваше УЕФА поради неможноста англиските навивачи да го бодрат својот клуб.

– Во Москва немаше само наши навивачи. А зошто нив им беше спречено правото да присуствуваат на ово меч? Што згрешиле тие? Ова не е чесно. Кога ќе се погледне подобро ќе се види дека овде немаше само навивачи на Манчестер Сити. А кој беше казнет поради расизам, ЦСКА или ние, изјави Компани.

Реакциите од англискиот шампион доаѓаат поради то што и покрај забраната од УЕФА за присуство на публика, ЦСКА на „Химики арена“ имаше поддршка од околу 650 навивачи.

Домаќините се правдаат дека околу 360 лица биле од УЕФА, а останатите биле спонзори и партнери на тимот.

– Сите кои беа присутни на натпреварот добија покана од УЕФА. Ако навистина сите се навивачи на ЦСКА тоа е добро за нас, изјави потпаролот на руската екипа.

Натпреварот ЦСКА Москва – Манчестер Сити заврши нерешено 2:2 и покрај водството на гостите од 2:0 по првите 45 минути.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска