Во вторник ќе имаме прилика да го гледаме возвратниот меч од двобојот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Кралевите во недела ќе пристигнат во Манчестер, а во понеделник ќе оддржат тренинг, но не на Олд Трафорд, туку на „Етихад“, стадионот на Манчестер Сити.
Имено, Мурињо не сакал да тренира на Олд Трафорд поради лошата состојба на тревата, па така челниците на Сити му излегле во пресрет, и му дозволиле неговиот тим да одработи тренинг на Етихад.
Дали ваквото однесување на челниците на Сити, ќе им се допадне на луѓето од „црвениот“ дел на градот, останува да видиме.