Симеоне: Не ме загрижуваат гласините за Гризман

Од:

Втора година по ред, околу Антоан Гризман се формира сага, поврзана со неговиот евентуален трансфер во Барселона. Минатото лето напаѓачот долго време ги држеше во неизвесност Каталонците и конечно потпиша нов договор со Атлетико Мадрид. Иако се почувствуваа засегнати, од „Камп Ноу“ повторно се подготвени да го привлечат францускиот ас, а според некои медиуми, тој веќе се согласил да премине во Барса.

– Не сум загрижен воопшто. Гризман е нашиот капитен и е многу важен за тимот. Не сум во неговата глава, за да знам што мисли, но тој има договор за уште 4 години и постојано напредува тука во Атлетико, прокоментира тренерот Диего Симеоне.

Во однос на заменик за Диего Годин, кој другата сезона ќе игра за Интер, тој изјави дека тимот работи на изнаоѓање на вистинска личност, која ќе им помогне на „јорганџиите“ да продолжат во вистинската насока.

– Имаме неколку опции, но нема да именуваме конкретни имиња. Сакаме да привлечеме играч со истите карактеристики, но тоа не е лесно. Важно е да се види што ќе се случи со дефанзивците, а тоа е најтешката работа за мене. Ако имате добри изведувачи на овој пост, тоа е одлично, но во спротивен случај имате многу проблеми, рече Чоло.

Атлетико е на второто место во Ла Лига два круга пред крајот на сезоната. Дури и нерешено во домашниот натпревар денеска со Севиља ќе му загарантира на тимот од Мадрид дека ќе завршат пред градскиот ривал – Реал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска