Тренерот на Ателтико Мадрид Диего Симеоне им честита на своите фудбалери за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ја нагласи важноста што овој резултат ја има за клубот.
– Овој е многу битен чекор што го направивме со влезот меѓу осумте најдобри. Воодушевен сум и им честитам на играчите. Тие го дадоа максимумот на теренот и заслужено се во четвртфиналето. Ние сакаме уште да напредуваме во Лигата на шампионите, изјави предводникот на Ателтико.
„Јорганџиите“ синоќа одиграа 0:0 со Баер Леверкузен и по победата на првиот дуел во Германија со 4:2 одат во четвртфиналната фаза од најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Европа.