Швајцарија го усвои законот „Лекс ФИФА“

Од:

Швајцарскиот парламент усвои пакет закони, со кои челниците на големите спортски организации ќе бидат изложени на построг финансиски надзор.

Со овие закони, кои популарно се наречени „Лекс ФИФА“, ќе биде засилен надзорот врз финансиите на 60 меѓународни спортски организации чие седиште се наоѓа во Швајцарија, а сè со цел да се спречи евентуалното „перење на пари“.

Новиот закон предвидува, претседателите на големите спортски организации, како што се првиот човек на ФИФА Сеп Блатер и првиот човек на МОК Томас Бах, во иднина да бидат „политички изложени личности“, односно личности кои ќе можат да одговараат за евентуално обвинувања за „перење на пари“.

Бах веднаш го поздрави носењето на овој закон, додека од ФИФА сè уште нема никаква реакција. Пред да стапи во сила законот треба да биде официјализиран со потпис од швајцарската влада.

Швајцарските банки, според законските одредби, мора да гарантираат дека средствата кои се депонираат не се со сомнително потекло.

Инаку спортските организации какви што се ФИФА и МОК, имаат привилигиран статус во Швајцарија, со оглед дека се непрофитабилни организации и како такви тие плаќаат многу пониски даноци од приватните компании.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски