Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штогер ги сподели своите искуства од учеството во петочниот тренинг на тимот на светскиот рекордер на 100 метри, Усаин Болт.
– Усаин е неверојатно добродушно момче, спортист со таква биографија, но екстремно приземјен, и бевме почестени да се сретнеме и да работиме со него. Болт сонува да тренира со тим од високо ниво. На теренот, тој чувствува задоволство и се виде на неколку пати, дека има добар пристап кон играта. Тој дефинитивно е талентиран. Но ако Болт сака да игра на високо ниво, ќе треба да одработи уште доста, бидејќи неговата физичка подготвеност силно се разликува од онаа на фудбалерите, рече Штогер пред официјалниот сајт на Борусија.
Болт веќе беше вклучен во составот Мамелади Сандаунс, и постојано ја искажува својата желба да стане професионален фудбалер.