„Шпигел“: Роналдо признал дека силувал девојка во Америка, а неговите адвокати ги менувале одговорите за да го спасат од затвор

Од:

Германскиот весник „Шпигел“ објави шокантни информации дека постојат документи кои потврдуваат оти Кристијано Роналдо признал дека силувал девојка во Соединетите Американски Држави.

Кетрин Мајорга го пријави Роналдо за силување во 2009 година, но таа склучи договор со Португалецот, тој да ѝ исплати сума од 375 илјади долари и тој случај веќе да не се споменува. Меѓутоа адвокатите на Американката сега бараат поништување, со образложение дека таа биле присилена да го постигне договорот.

„Шпигел“ објави дел од доверлив документ, прашалник кој адвокатите му го дале на Роналдо, а тој го пополнил за настаните од таа вечер.

– Таа ми рече „Не“ и повеќе пати побара да престанам, напишал Роналдо во прашалникот кој „Шпигел“ го објави.

Овој прашалник потоа бил менуван од страна на адвокатите за да не се потврди дека се работи за силување.

Во објавата на „Шпигел“ се напишани и двете верзии на прашалникот:

Дали девојката повиши тон, викаше или се дереше?

Во септември Роналдо одговорил: Рече „Не“ и неколку пати побара да престанам
Во декември: Не

Дали таа рече нешто по вашиот сексуален однос:

Во септември: „Рече шуп**, ме присили. Идиот“, а јас ѝ реков „извини“.
Во декември: Не.

Британските медиуми додаваат дека Роналдо во 2005 бил обвинет и испитуван исто така за силување. Го пријавила француска државјнака, тврдејќи дека настанот се случил во хотел во Лондон.

И за тој случај и за случајот со Мајорга, Кристијано Роналдо демантираше дека направил нешто спротивно на законот, тврдијќи дека госпоѓицата во ниту еден момент не рекла нешто што би можело да се толкува како одбивање на понудениот секусален однос.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ