Шпанскиот првак Атлетико Мадрид, тешко до првата победа до Примера

Од:

Актуелниот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид се изнамачи во дуелот со Еибар за да ја оствари првата победа во новата сезона од Примера.

Мадридскиот тим до трите бодови стигна со головите на Миранда (12-минута) и Марио Манџукиќ (25). Веќе од 32-минута Минеро намали на 2:1, па до крајот на првиот дел, но и воопшто до крајот на средбата, навивачите на „јорганџиите“ стравуваа за победата.

На останатите три средби одиграни синоќа, а во рамките од 2. коло, беа постигнати следниве резултати: Атлетик Билбао – Леванте 3:0, Кордоба – Селта Виго 1:1 и Еспањол – Севиља 1:2.

Во петокот, домашни победи остварија Гетафе над Алмерија со 1:0 и Валенсија која со 3:0 ја победи Малага.

Вечерва ќе бидат одиграни преостанатите четири натпревари: Виљареал – Барселона (19 часот), Ла Коруња – Рајо Ваљекано, Сосиедад – Реал Мадрид (21) и Елче – Гранада (23).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска