Шпанскиот стратег Раул Алонсо е назначен за нов тренер на Еурофарм Пелистер, објави попладнево актуелниот македонски ракометен првак.
Алонсо е 45-годишен тренер, кој поголемиот дел од кариерата ја мина во Германија. Беше тренер во тимовите Обернбург и Рајн Мен Бинен, а во периодот од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на германскиот гигант Кил.
Самостојната тренерска кариера ја започна во Австрија, каде го водеше тимот на Тирол, а во 2018 година се приклучи на белорускиот клуб Мешков Брест, првично како асистент, а подоцна и како главен тренер, со кој ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Шпанецот пред две години се врати во Германија, каде што го водеше тимот на Ерланген.