Шпанците незадоволни од Де Хеa, сакаат да се врати Касиљас

Од:

По синоќешниот пораз од Хрватска во фудбалската Лига на нациите, навивачите на Шпанија се незадоволни од играта на тимот, а пред се од голманот Давид Де Хеа.

Анкета на мадридскиот весник „АС“ покажа дека шпанските фудбалски навивачи сакаат под рамката да се врати легендата на тимот, Икер Касиљас.

Прашањето поставено од страна на „АС“ гласело: „Кој сакате да брани за Шпанија?“. Вкупно 55,86 отсто или 14.691 лица кои учествувале во анкетата, сакаат во националниот тим да се врати 37-годишниот Икер Касиљас.

Голема поддршка има и голманот на Челзи, Кепа Арисабалага, кој ја има поддршката на 35,95 отсто од гласачите или 9.456 гласа.

Де Хеа доби само 1.009 гласови или 3,84 отсто поддршка од навивачите, а повеќе од него има и голманот на Бетис, Пау Лопез – 1.144 гласови или 4,35 проценти.

Де Хеа, кого многумина го сметаат за број еден голман во светот, прими 19 гола во последните 14 натпревари за Шпанија. Оваа година тој само на три нетпревари не прими гол. Касиљас пак има 7 натпревари без примен гол во сезоната за Порто и примено само 6 гола.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски