Шојбле: Секоја идна грчка влада треба да се придржува кон постигнатите договори

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека секоја нова грчка влада ќе треба да се придржува кон веќе постигнатите договори.

Изјавата на Шојбле е во момент кога Грција се соочува со предвремени парламентарни избори, на кои на власт може да дојде опозицијата која е против спасувачкиот пакет мерки на земјата.

Грчката Влада има трета и последна шанса во понеделник да избере нов претседател. Ако претседателот не биде избран, ќе бидат закажани парламентани избори.

Според најновите анкети партијата СИРИЗА, која се залага за нови преговори за спасувачката програма за земјата, има благо водство.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави за весникот „Билд“ дека ќе продолжи со поддршка на Грција на патот на реформите, но ако Атина избере друг пат тоа ќе биде тешко.

Шојбле изјави дека новите избори нема да променат ништо, кога станува збор за долговите на Грција. Според него секоја нова Влада ќе треба да се придржува кон законските договори на своите претходници.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела