„Шкупи штеди“: Фудбалерите наместо во хотел „дремнале“ во „Мекдоналдс“ на враќање од Гибралтар

Од:

Македонскиот првак Шкупи утревечер ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на мечот хрватските медиуми објавија видеосторија како тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.

„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде што стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување и во Виена, тимот, што го води Гоце Седлоски, не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘Мекдоналдс’. Таму минале десет часа, а видеозапис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа, од Виена со авион до Белград за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, особено ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Шкупи вечерва ќе тренира на „Максимир“ во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.

Би можело да ве интересира

Седлоски: 2022 беше успешна за Шкупи, следната сакаме одбрана на титулата

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Хаос на Чаир: Тепачка, навивачи на терен, во прекин дербито Шкупи-Шкендија

Катерина Павлова-Николовска

Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа

Тиквеш го изненади Шкупи, Нгоба постигна хет-трик

Седлоски си замина од Шкупи