Македонскиот првак Шкупи утревечер ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на мечот хрватските медиуми објавија видеосторија како тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.
„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде што стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување и во Виена, тимот, што го води Гоце Седлоски, не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘Мекдоналдс’. Таму минале десет часа, а видеозапис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа, од Виена со авион до Белград за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, особено ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Шкупи вечерва ќе тренира на „Максимир“ во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.