Шкендија против Тракаи за влез во плејофот за Лига Европа

Од:

Македонскиот вице-првак Шкендија попладнево го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло за Лигата на Европа.

Тетовската екипа има активен резултат во дуелот против литванската Тракаи иако на гостувањето Шкендија беше поразена со 2:1.

Капитенот Ферхан Хасани смета дека неговиот клуб има квалитет да обезбеди плејофот, но дека против литванската екипа ќе мора да се игра трпеливо и паметно, доколку сакаат да го елиминираат тимот на Тракаи.

– Иако загубивме 2-1, имаме добар резултат од првиот натпревар со Тракаи. Ни преостануваат уште 90 минути, а во истите верувам дека Шкендија ќе биде подобриот тим. Во Литванија имавме многу непријатности, направивме неколку грешки. Сепак, и на тој меч покажавме дека сме многу квалитетен тим. Со паметна игра, и со големата поддршка од фановите, мислам дека можеме да ја оствариме целта, вели капитенот Хасани.

Дуелот Шкендија – Тракаи ќе се игра попладнево од 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Шкендија и Македонија ЃП го дознаа можните ривали во третата рунда

Шкендија верува дека предноста од Скопје ќе ја задржи во Ереван

Маневски премина од „Брегалница“ во „Шкендија“

А1он

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он