Македонскиот шампион Шкендија првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Шериф Тираспол од Молдавија ќе го игра на 24. јули во Скопје со почеток од 20:15 часот.
Реваншот се игра седум дена подоцна на 31. јули од 19:00 часот во Тираспол.
Шкендија во првото коло го елиминираше велшки ТНС, а Шериф беше подобар од Торпедо Кутаиши од Грузија.