Екипата на Шкендија која го брани пехарот во Купот на Македонија попладнево во Скопје на „Националната Арена Филип Втори“ го совлада шампионот Вардар со 3:1 во првиот полуфинален дуел. Ова воедно е реванш на Шкендија за поразот од Вардар пред три дена во рамките на шампионатот на Македонија.
Шкендија поведе во 26. минута со голот од слободен удар на Бесарт Ибраими од 30 метри. Истиот фудбалер во 45+1 минута од пенал зголеми на 2:0 за Шкендија. Вардар намали со удар од белата точка во 51.минута, а стрелец беше Фелипе. Конечните 1:3 ги постави Ферхан Хасани во 76. минута.
Вториот полуфинален натпревар меѓу Брегалница и Пелистер се игра во Штип со почеток во 17 часот.
Реванш полуфиналните дуели се играат на 19. април.