Екипата на Шкендија забележа победа над кратовски Силекс со 2:1 во натпревар од 1.коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовската екипа до победата стигна во првиот дел откако во 17-минута Нилдо Виктор Јуфо го постигна првиот гол, а во 26-та минута со прекрасен погодок на Бесар Ибраими од 20-тина метри, зголеми на 2:0.
Во второто полувреме Силекс постојано се обидуваше да стигне до голот на домаќините, а тоа конечно им успеа на кратовци во 84-та минута, кога Игор Недељковиќ од пенал намали на 2:1. До крајот на мечот домаќините рутинирано го одржуваа водството и на крајот славеа со конечни 2:1.
На натпреварите одиграни вчера: Вардар – Шкупи 1:1, Победа – Пелистер 0:2 и Брегалница – Ренова 1:1.
Колото ќе биде комплетирано во среда со дуелот Македонија ЃП – Работнички.