Шишкарев уште една година во Вардар

Од:

Десното крило Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде член на македонскиот ракометен првак Вардар. Рускиот интернационалец и управата на „црвено-црните“ се договорија и во сезоната 2017/2018 Шишкарев да остане во Скопје.

– За Шишкарев играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е наш член. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гапром лигата, информираа од РК Вардар.

Во пролетниот дел од сезоната на неколку натпревари Шишкарев особено се истакна со серија на голови. Тој првпат со Вардар, а вторпат во кариерата ќе игра и на Ф4 турнирот во Келн, во Лигата на шампионите.

Оваа сезона постигна вкупно 30 голови во натпреварите од ЛШ, од кои пет на последниот четвртфинален натпревар против Флензбург во Скопје.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ