Шефот на Ферари вети изненадување за навивачите во Австралија

Од:

Шефот на Ферари, Луис Камилери вети изненадување за навивачите на првата трка во Мелбурн. Целото брендирање на „Mission Winnow“ (Мисија „Победа сега“) ќе биде отстрането од „СФ90“ за почетокот на сезоната, а тоа остава доста празно место на болидот.

„Скудерија“ не може да се појави со логото на својот спонзор, бидејќи властите во Австралија сметаат дека тоа ја нарушува забраната за рекламирање на тутунски производи. Во принцип „Mission Winnow“ е иницијатива која не е поврзана со пушењето (или барем не директно), но сепак е лансирана од гигантот „Филип Морис“.

– Ќе имаме проблеми со Министерството за здравство во Австралија, а Филип Морис немаа време да најдат решение. Во секој случај, автомобилот ќе понуди изненадување за навивачите, изјави Камилиери, цитиран од „Аутоспорт“ за време на Мотошоуто во Женева.

Најверојатно, дел од дизајнот на минатогодишниот автомобил ќе се користи како најбрзо решение. Мисијата „Winnow“ се очекува да се врати во автомобилот за вториот стар на сезоната во Бахреин.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин