Шефот на амбасадорите во Ла Лига: Признавам дека ќе дозволиме одреден број на навивачи во последните кола

Од:

Шефот на амбасадорите на Ла Лига, екс-претседател на Малага, Фернандо Санс, зборуваше за евентуалното учество на публика на натпреварите по рестартирањето на првенството на Шпанија.

– Раководството на Ла Лига внимателно ќе го следи ширењето на заканата од коронавирусот. Ако се оди според најдобро сценарио, тогаш признавам дека во последните рунди можеме да дозволиме одреден број навивачи со строг протокол за верификација. Сега не можам да дадам приближна бројка, но ако пополниме дури третина од стадионот, ќе биде одлично и ќе биде од голема помош да ја започнеме сезоната 2020/21 како и обично, потенцира Санс.

Ла Лига продолжи синоќа со градското дерби во Севиља, а вечер на распоредот се две средби од 28. коло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска