Шеф на Јувентус: Кој може да не направи посилни? Можеби Меси!

Од:

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи прокоментира дали трансферот на Кристијано Роналдо го одвел клубот во минус и кој друг фудбалер би можел да го засили италијанскиот гигант.

„Минатата година ние знаевме дека ги губиме Буфон и Игуаин. Јас му реков на нашиот претседател Ањели дека постојат два начина да го мотивираме тимот: да го купиме Кристијано Роналдо или Икарди и да предизвикаме една неверојатна бура. Потпишувањето со Кристијано е договор, кој на економско ниво веќе се исплати“, изјави Паратичи пред „Газета дело Спорт“.

Во однос на тоа кој фудбалер сега може да го направи посилен тимот од Торино, Паратичи со интересен одговор.

„Тешко е да се каже. Можеби Меси. Дури и за Нејмар имам сомнежи“, смета шефот.

Тој ја прокоментира и иднината на тренерот Масимилиано Алегри.

„Алегри е еден од петте најдобри тренери во светот. Тој е многу умен човек. Се разбира дека останува“, додаде Италијанецот.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда