Поголемиот дел од јавноста беше фокусиран на „Сан Сиро“ на натпреварот меѓу Милан и Барселона кој заврши во корист на „Росонерите“ со 2:0, но одличен натпревар се одигра и на „Турк Телеком Арената“ во Истанбул каде засилениот состав на Галатасарај не успеа да дојде до триумф и ремизираше со Шалке 1:1 во осминафиналето од најелитното натпреварување.
Уште на почетокот на мечот започна да се игра со офанзивна игра, а Бурак Јилмаз му донесе предност на Галатасарај од 1:0 во 12-та минута од натпреварот. Само 3 минути подоцна Шалке можеше да изедначи, но Хунтелар се посрамоти и го промаши голот од само пола метар. Потоа гостите се заканија во 17-та минута кога Алтинтоп за малку биеше непрецизно и ја погоди пречката од голот.
Сепак во 45-та минута тимот од Гелзенкирхен дојде до израмнување кога Џонс погоди за 1:1 и со тој резултат се замина на пауза.
Продолжението на натпреварот не донесе поголеми возбудувања, се играше добро и на двете страни, но немаше промена на резултатот, па Шалке од Истанбул носи одличен резултат што може да го однесе во следната фаза од ова натпреварување.