Шаќири: Бев несреќен во Минхен

Од:

Досегашниот напаѓач на Баерн Минхен, Џердан Шаќири изјави дека бил несреќен во Минхен поради малата минутажа што ја добиваше од тренерот пеп Гвардиола.

Тој во Минхен пристигна 2012 година, но не успеа да се избори за место во првите единаесет.

– Не бев задоволен во Баерн. Сакам да играм поради тоа што само така можам да покажам колку вредам. Научив многу нешта во мојот претходен клуб каде играв со големи фудбалски имиња. Се надевам дека тоа искуство ќе ми користи во Интер, истакна засилувањето на „неро-азурите“.

23-годишниот Шаќири има желба со Интер да освои многу трофеи и додаде дека е подготвен да одговори за која било позиција што ќе му ја одреди тренерот Роберто Манчини.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“