Сетиен: Не гледам причина зошто Меси да не игра против Мајорка

Од:

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ќе може да смета на ѕвездата на тимот Лионел Меси на денешниот натпревар против Мајорка од 28. коло од шпанскиот фудбалски шампионат.

Капитенот на Каталонците имаше повреда на мускулот на десниот бут, но сега се било во ред со него.

– Меси се чувствува добро. Не гледам причина што може да го спречи да учествува на натпреварот против Мајорка. Не знам дали ќе може да го одигра целиот натпревар, но Луис Суарез е исто така подготвен. Може да започне како стартер или да се појави како резерва, рече Сетиен на прес-конференцијата пред мечот.

Натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона е вечерва во 22.00 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска