Серена Вилијамс по две години повторно во Федерејшн купот

Од:

Женската тениска репрезентација на САД ќе биде посилна за Серена Вилијамс во мечот против Летонија во квалификациите за завршниот турнир. Потврда за настапите на 23-кратната гренд слем шампионка стигна од Тениската асоцијација на САД (УСТА).

Последниот меч за националниот тим, Серена Вилијамс го одигра во февруари во 2018 година. Таа моментно се подготвува за Австралија опен на кој ќе атакува на 24 -та гренд слем титула. Доколку успее во тоа, ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Дуелот меѓу САД и Летонија е закажан за првиот викенд во февруари. Победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир од 14 до 19 април во Будимпешта. Досега во кариерата, таа одигра 13 меча во поединечна конкуренција во Федерејшн купот и сите 13 ги реши во своја корист.

Би можело да ве интересира

„Добре дојде, прекрасен ангелу“: Серена Вилијамс го роди вторто дете

Горан Наумовски

Серена Вилијамс е бремена: На забавата го откри полот на бебето

Сестрите Вилијамс ќе играат двојки во Њујорк пред пензионирањето на Серена

Серена Вилијамс објави дека ќе ја заврши фантастичната кариера

Серена се подготвува за камбек на Вимблдон

А1он

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска