Серена Вилијамс објави дека ќе ја заврши фантастичната кариера

Од:

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Американката Серена Вилијамс најави крај на фантастичната кариера. Таа се надева дека ќе игра на УС опен, кој е закажан за крајот на август, а потоа и дефинитивно ќе му каже „збогум“ на тенисот.

„Доаѓа момент во животот кога решаваме да тргнеме во друг правец. Почна одбројувањето. Морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка, на сите духовни цели и конечно да откријам поинаква, но возбудлива Серена. Ќе уживам во следните неколку недели“, напиша Вилијамс.

Серена Вилијамс освои 23 гренслем-титули во кариерата, а има вкупна заработка од 94,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

„Добре дојде, прекрасен ангелу“: Серена Вилијамс го роди вторто дете

Горан Наумовски

Серена Вилијамс е бремена: На забавата го откри полот на бебето

Сестрите Вилијамс ќе играат двојки во Њујорк пред пензионирањето на Серена

Серена се подготвува за камбек на Вимблдон

А1он

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен

А1он