Сеп Блатер: Сомнежите кон Катар се „расистички мотивирани“

Од:

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека сомнежите околу доделувањето на организацијата на Светското првенство 2022 година на Катар,се мотивирани од расизам.

– Покрената е вистинска бура против ФИФА, во врска со Светското првенство во Катар. Тажно е, но голем дел од тоа се должи на дискриминацијата и на расизмот, вели Блатер.

Светската фудбалска федерација ќе расправа за легалноста при одлучувањето за домаќините на првенствата во 2018 и 2022 година, најверојатно во септембври,или во октомври,оваа година.

Според Блатер, прашањето за организацијата на двете наредни светски првенства, за ФИФА ќе биде дефинитивно затворено. Тој не ја отфрла можноста, за најновите откритија околу сомневањето дека има корупција при донесувањето на одлуката за Катар, да се расправа и во текот на Конгресот на ФИФА што се одржува денес и утре.

Во декември 2010 година, на гласањето околу изборот на домаќин за СП во 2022 година, беше одлучено Катар, малечка пустинска земја во реонот на Персискиот Залив, во која нема никаква традиција да се игра фудбал, а температирите во летните месеци достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, да биде организатор на првенството.

Изборот веднаш предизвика бројни сомневања за можна корупција при гласањето, затоа што Катар успеа да ги совлада своите силни противкандидати-Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја, кои пред гласањето беа фаворизирани. Американскиот адвокат Мајкл Гарсија сега раководи со независна истрага за сите сомневања, а посебно за најновите што ги изнесе лондонскиот неделник „Сандеј тајмс“.

Весникот презентираше бројни документи, писма и електронски пораки, за да докаже дека има корупција, поврзана со кандидатура на Катар, со давање пари и подароци за фудбалски функционери, најмногу во Африка,но и во Азија и во реонот на Карибите.

Гарсија се очекува да се појави на Конгресот на ФИФА и за да исвести за текот на неговата истрага. Американкиот адвокат ги испитува сите работи што се поврзани со доделувањето на светското првенство во 2018 година, на Русија и наредното,во Катар.

Висок функционер на Африканската фудбалска конфередарција ги обвини британските медиуми за „повторената и намерна деградација“ на африканскте федерации и на цела Афррика, со обвинувањата дека дури 30 земји добиле пари за да гласаат за Катар.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА