Сензацијата Коко Гоф ја детронира Наоми Осака на Австралија Опен

Од:

Тинејџерката Коко Гоф (САД) ја елиминираше минатогодишната шампионка Наоми Осака (Јапонија) во третото коло на Австралија опен. 15-годишната дебитантка на Мелбурн Парк, Гоф триумфираше против број 3 во шемата Осака со 6:3, 6:4 за 67 минути ира.

Американката го зеде првиот сет со еден брејк во осмиот гем. Во вториот дел, двете разменија рано брејкови, но во седмиот гем, Гоф повторно победи на сервис на противничката, и тоа се покажа како пресудно.

Јапонката немаше свој ден, правејќи 30 неизнудени грешки и освои само 33 проценти од поените на втор сервис.

– Неверојатно е. Пред две години изгубив во првото коло кај јуниорките, а сега сум тука со жените и ја победив шампионката од минатата сезона. Јас го освоив првиот сет, остварив предност и во вториот. Сè уште не можам да верувам што се случува, прокоментира Гоф во своето интервју на теренот по натпреварот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска