Селтик најавува изненадување во Торино

Од:

Селтик најавува изненадување во ТориноЈувентус – Селтик и Парис Сен Жермен – Валенсија се двата реванш осминафинални дуела што се играат вечер во фудбалската Лига на шампионите.

Селтик има тешка задача да надомести заостанување од три гола од првиот натпревар во Глазгов, а Валенсија да се врати од поразот на домашен терен со 2:1.

Тренерот на Селтик Нил Ленон, сепак, верува дека неговата екипа може да победи во Торино.

– Сакаме да покажеме дека резултатот од првиот меч не ја отсликува разликата во квалитет. Одиме во Торино да играме и да се обидеме да победиме, изјави Ленон.

Во екипата се враќа Јоргос Самарас, кој оваа сезона постигна пет гола во Лигата на шампионите, но нема да игра капитенот Скот Браун поради повреда на колкот.

Јувентус годинава е непоразен во Лигата на шампионите и е прв на табелата во Серија А.
Стратетот на „старата дама“ Антонио Конте смета дека имаат квалитет годинава да ги освојат и „скудетото“ и Лигата на шампионите.

– Оваа сезона се натпреваруваме во Лигата на шампионите и тоа бара голема физичка и психичка сила. Мора да бидеме концентрирани и секој играч мора да ја одигра улогата до крај, изјави Конте.

Поради повредеа нема да игра Џорџо Киелини, а неизвесни се и Ањелка и Касерес. На првиот натпревар во Глазгов беше 3:0 за црно-белите, а головите ги постигнаа Матри, Маркизио и Вучиниќ.

Во вториот осминафинелен натпревар Пари Сен Жермен ја пречекува Валенсија. На првиот меч на Местаља, ПСЖ победи со 2:1.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска