Селта остана непоразена кај шампионот Атлетико

Од:

Шампионот Атлетико Мадрид не успеа да ја победи Селта на домашен терен во еден од четирите саботни дуели од Шпанското фудбалско првенство.

Бод на гостински терен освои и Малага, а полн погодок остварија Реал Мадрид и Гранада.

Во петокот и Еибар славеше на теренот на противникот, па по половина од одиграните натпревари во оваа рунда домаќините се уште се без победа.

Постигнати резултати на досега завршените натпревари од 4.коло во Примера: Елче – Еибар 0:2, Ла Коруња – Реал Мадрид 2:8, Атлетик Билбао – Гранада 0:1, Атлетико Мадрид – Селта Виго 2:2 и Еспањол – Малага 2:2.

Четири средби ќе се одиграат денес: Сосиедад – Алмерија, Виљареал – Рајо Ваљекано, Кордоба – Севиља и Леванте – Барселона.

Последниот дуел од ова коло е утре меѓу Хетафе и Валенсија.

Табела: Барселона 9 бодови, Атлетико Мадрид 8, Гранада 8, Валенсија 7, Севиља 7, Реал Мадрид 6, Селта 6, Еибар 6.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска