Селта го елиминира Реал од „Копа дел Реј“

Од:

Екипата на Селта Виго го елиминира Реал Мадрид во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија и се пласира во полуфиналната фаза.

Во реваншот одигран синоќа во Виго, средбата меѓу Селта и Реал заврши без победник 2:2, па за домаќините доволен беше триумфот на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 за да се најдат меѓу четирите најдобри.

А, таму место обезбеди и Атлетико кој во реванш дуелот со Еибар на гостински терен одигра нерешено 2:2, но пред седум дена во Мадрид славеше убедливо со 3:0.

Претходно пласман во полуфиналето на „Кралскиот куп“ обезбедија и фудбалерите на Алавес кои го елиминираа Алкоркон.

Последниот полуфиналист ќе биде познат вечерва по одигрувањето на дуелот на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречекува Сосиедад со предност од 1:0 по мечот одигран во Сан Себастијан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска