Металург на домашен терен го совлада Мешков Брест со 37:33 и ја забележа шестата победа во регионалната СЕХА лига.
Гостите во Скопје допатуваа без половина тим и главниот тренер Бебешков, но публика сепак гледаше возбудлив дуел со многу голови (вкупно 70) и акција.
Натреварот започна со изедначен старт, а прв поведе Металург со 5:3. Потоа, следеше пресврт во полза на Мешков Брест (8:10), а избраниците на Александар Јовиќ бркаа негатива до крајот на првото полувреме.
На паузата резултатот беше 17:17. Металуг победата ја обезбеди во второто полувреме кое го доби со 20:16.
Најефикасен во тимот од Автокоманда беше Филип Кузмановски со десет погодоци, а Халил Јагањац постигна девет.
Металург во следното коло му гостува на Татран Прешов, а потоа во последното коло го пречекува Целје.