СЕХА: Металург го пречекува Татран

Од:

Ракометарите на македонскиот првак меѓу два натпревара од Лигата на шампионите, вечерва во салата „Автокоманда“ во Скопје го пречекуваат тимот на Татран Прешов. Во првото коло овие два тима не го одиграа натпреварот, а со службен резултат Словаците го добија натпреварот.

Ова ќе биде можност за реванш на македонскиот шампион, а секако и за поткревање на атмосферата во пресрет на саботниот дуел со Шамбери од Лигата на шампиони.

Натпреварот Металург – Татран Прешов започнува во 18 часот.

Во рамките на 10.коло денеска играат уште и: Ловќен – Извиѓач, Слога Добој – Загреб КО и Нексе – Борац Бања Лука.

Дуелот Мешков Брест – Вардар Про е одложен и ќе се одигра на 6 февруари 2013 година.

Табела: Загреб КО 19 бодови (9 натпревари), Татран Прешов 18 (9), Вардар Про 17 (9), Нексе 16 (9), Металург 15 (8), Ловќен 14 (9), Мешков Брест 13 (8), Извиѓач 9 (9), Борац БЛ 7 (9), Слога Добој 0 (9).

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ