СЕХА лига: Ракометарите на Вардар против Мешков Брест

Од:

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево (15 часот) го играат третиот натпревар од шампионатот во СЕХА лигата. Во Белорусија „црвено-црните“ ќе играат против Мешков Брест.

И двете екипи имаат по една победа во шампионатот во СЕХА лигата. Овие два тима во рамките на подготовките за оваа сезона одиграа два натпревара во Струга, Вардар победи со 33:24, а во Белорусија беше 28:28.

Вториот наш претстваник во лигата, тимот на Металург следниот натпревар го играат во вторник на 1. октомври на гости кај Борац.

Покрај дуелот Мешков Брест – Вардар, денеска играат уште: Нексе – Војводина, а утре е натпреварот Загреб КО – Партизан.

Табела: Загреб КО 6 бодови, Татран Прешов 6, Нексе 6, Вардар 4, Металург 4, Мешков Брест 3, Ловќен 3, Партизан 3, Војводина 3, Борац 0. 

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП