Citroen вниманието го насочува кон FIA WTCC, каде почнувајќи од 2014-та година ќе биде редовен учесник.
Учеството ќе биде нов предизвик како за Citroen Racing така и за Себастијан Леб кој ќе вози еден од автомобилите што ќе влезат во шампионатот.
Францускиот производител кој е носител на пет титули од Cross Country Rally World Cups и осум титули од World Rally Championship Manufacturers, сега за прв пат влегува во меѓународен шампионат на трки на патека.
Citroеn Racing ќе учествува во целата 2014-та FIA WTCC сезона. Очигледно, името на првиот возач е веќе познатo, по освојувањето на девет титули во Светскиот рели шампионат со Xsara, C4 и DS3 WRC, Себастијан Леб не го крие неговиот ентузијазам за справувањето со овој предизвик.
„Најпрво морам да кажам дека сум презадоволен што учеството е и официјално потврдено. Самата помисла дека ќе имаме можност да испишеме ново поглавје во нашата историја изгледа неверојатно. Не можам да дочекам со автомобилот да излезам на патеката и да го започнам тестирањето. Оваа преодна година ја искористив да стекнам нови искуства и да ги усовршам моите способности за возење на патека. Не очекувам веднаш да победувам, но решен сум да го остварам тоа со текот на времето“, рече тој.