Раха Мохарак се запиша во историјата како најмлада арапска жена и единствена Саудијка која се искачила на Монт Еверест, највисоката планина на светот.
Мохарак (25) била дел од четиричлената експедиција, во која првпат учествувале и еден државјанин на Катар и еден Палестинец.
Целта на експедицијата била да собере милион долари за проекти од областа на образованието во Непал. Мохарк, по потекло од Џеда, има универзитетска диплома и моментално живее во Дубаи.
– Во Саудиска Арабија, конзервативна муслиманска земја каде правата на жените се многу ограничени, таа морала да надмине многу препреки за да ја оствари својата цел.
– Да се убеди нејзиното семејство да и дозволи да се приклучи на експедицијата беше исто толку тешко како и самото искачување на врвот од планината, раскажуваат членовите на нејзиниот тим.