Сари: Сакам да останам во Челзи

Од:

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, ги негираше гласините за можен премин во Рома.

Претходно во медиумите имаше информации дека 60-годишниот стратег не е против враќањето во Италија.

– Сакам да останам во Челзи. Го сакам англискиот фудбал и оваа атмосфера. Сакам да останам во Премиер лигата, дури сум подготвен да работам во друг клуб. Резултатите од првата сезона? Работата оди во вистинската насока. Целта не беше во тоа да се освои трофеј по секоја цена, потребно е прво да се подобри тимот и самите играчи, изјави Сари.

Италијанецот дојде во Челзи летото 2018 година. Претходно, тој беше на чело на Наполи.

Лондонскиот тим го зазема третото место на табелата во Премиер лигата со 71 поен, а до крајот останува само 1 натпревар.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Мечевите од Премиерлигата во Лондон нема да може да се оддржат ниту следниот викенд

Ливерпул со 9:0 го победи Борнмут, Стерлинг го спаси Челси, хет-трик на Халанд против Палас

Премиерлигашите потрошија 1.5 милијари фунти на трансфери, рушејќи го рекордот