Сари: Роналдо е 99 отсто аут за Аталанта

Од:

Тренерот на италијанскиот хегемон Јувентус – Маурисио Сари, откри вознемирувачки вести во пресрет на тешката посета на Аталанта.

Стратегот на прес-конференција рече дека Алекс Сандро и Кристијано Роналдо скоро сигурно ја пропуштаат посетата во Бергамо, каде шампионите немаат освоено четири последователни натпревари на сите турнири.

– Тој во вторникот рече дека се појавил проблемот во вториот натпревар на Португалија, што го мачи во последните неколку недели. Утре тој нема да игра 99%. Целта е да се врати на натпреварот во вторникот со Атлетико Мадрид од Лигата на шампиони. Смената против Милан? Нема проблем. Во некои моменти, играчите треба да се остават да се смират. Не е потребно дополнително разјаснување, рече Сари.

За другите проблеми со фудбалерите, тој рече дека повредата на Сандро е посериозна од она што го соопшти медицинскиот тим на Бразил.

– Адриен Рабио има проблем со адукторот. Блеиз Матуиди сè уште има мала болка, но тој тренираше со групата во текот на вчерашниот ден. Хуан Квадрадо има проблеми со грбот, додека Миралем Пјаниќ работи доста добро, додаде Сари.

Тој ја пофали и Аталанта, која во последните сезони стана сериозен фактор во Серија „А“.

– Не само што ова е физички добар тим, туку има и одлични технички вештини. Всушност, тие имаат најсилен напад во лигата. Дефиницијата на Пеп Гвардиола за Аталанта е точна: играњето против овој противник е како да одите кај стоматолог. На излегување може да бидеш добро, но може и да те боли, додаде Сари.

Средбата во Бергамо е утре во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска