Сари: Продолжувањето на договорот на Азар е приоритет за Челзи

Од:

Раководството на Челзи успеа да го обнови договорот на една од своите големи ѕвезди, Н’Голло Канте, но сега има уште една голема цел. Целата енергија ќе биде насочена кон убедување на Еден Азар да го стори истото.

Ова лично беше потврдено од менаџерот Маурицио Сари, чија тактика за секој натпревар се врти токму околу Белгиецот. Тој всушност веќе има понуда за продолжување на договорот, но се двоуми бидејќи вели дека негов сон е да заигра во Реал Мадрид.

Ако Челзи не успее да потпише со својата ѕвезда до крајот на сезоната, во текот на летото ќе треба да го продаде задолжително, бидејќи ризикува да го пропушти како слободен агент, кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни 2020 година. Затоа и сега се напорите да го продолжи договорот за неделна плата од 300.000 фунти.

– Не знам ништо за новиот договор на Еден, дури не сум запознаен и со параметрите кои раководството му ги предложило. Но сигурен сум дека знаеме како да го убедиме да остане кај нас. Се надевам дека ќе успееме да го направиме тоа, рече Сари на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот