Само бод за Виљареал на гостувањето кај Елче

Од:

Фудбалерите на Виљареал „прокоцкаа“ два гола предност во дуелот против последно пласираниот тим на Елче, па на крајот мораа да се задоволат со еден наместо да освојат три бодови.

Тимот на Виљареал, кој се бори за висок пласман, на синоќешната средба против Елче по само 17-минути игра имаа предност од 2:0 со головите на Лусиано Дарио Вието (7) и Икачуку Уче (17). Сепак, последно пласираниот тим во Примера, не се предаде па Елче во наредните 18-минути успеа да стигне до израмнување.

Најнапред Џонатас во 26-минута намали на 1:2, а Виктор Ромеро Родригез во 35-минута во израмни резултатотр поставувајќи ги конечните Елче – Виљареал 2:2.

На останатите средби од 17.коло во Примера, одиграни вчера беа постигнати овие резултати: Севиља – Селта Виго 1:0, Депортиво Ла Коруња – Атлетик Билбао 1:0, Малага – Алмерија 1:2 и Атлетико Мадрид – Леванте 3:1.

Денеска покрај дербито Валенсија – Реал Мадрид ќе се играат уште четири средби и тоа: Гетафе – Рајо Ваљекано, Еспањол – Еибар и Сосиедад – Барселона, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Кордоба – Гранада.

Табела: Реал Мадрид 39 бодови (15 одиграни натпревари), Барселона 38 (16), Атлетико Мадрид 38 (17), Севиља 33 (16), Валенсија 31 (16), Виљареал 31 (17), Малага 30 (17)…

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“