Само бод за Еспањол против Леванте

Од:

Екипата на Еспањол не успеа да ја искористи предноста домашниот терен и да го совлада последно пласираниот Леванте. Во натпреварот одигран синоќа во Барселона, а со кој беше комплетирано 14.коло на шпанската Примера, екипите на Еспањол и Леванте одиграа нерешено 1:1.

Леванте поведе уште во 6.минута со голот на Колумбиецот, Џеферсон Лерма. Домашниот тим го израмни резултатот на 1:1 во 56.минута со голот на Жерард Морено.

Со поделбата на бодовите, Еспањол сега е на 12.место со 17 бодови, а Леванте со 11 бода сега е претпоследен со бод повеќе од Лас Палмас.

Резултати од 14.коло во Примера:
Спортинг Хихон – Лас Палмас 3:1,
Виљареал – Рајо Ваљекано 2:1,
Сосиедад – Еибар 2:1,
Бетис – Селта Виго 1:1,
Депортиво Ла Коруња – Севиља 1:1,
Валенсија – Барселона 1:1,
Гранада – Атлетико Мадрид 0:2,
Реал Мадрид – Хетафе 4:1,
Еспањол – Леванте 1:1.

Табела: Барселона 34 бодови, Атлетико Мадрид 32, Реал Мадрид 30, Селта Виго 25, Виљареал 24, Депортиво Ла Коруња 22, Атлетик Билбао 21,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска