Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е подготвен да се откаже од своите амбиции за трофејот во Лигата на Шампионите, но се надева дека неговиот тим ќе ја освои титулата во Премиер лигата.
– Лигата на Шампионите е најпрестижниот клубски турнир. Но мојот сон и на клубот, и на градот е шампионската титула во Премиер лигата. Затоа, јас сум подготвен да го жртвувам својот сон поради тимот и неговиот сон. Се разбира, ќе биде идеално да успееме да победиме и во двата турнири, тоа ќе биде фантастично достигнување. Ќе дадеме се од себе“, прокоментира египетскиот репрезентативец во интервју за „Скај Спортс“.
Ливерпул го зазема второто место во Премиер лигата со предност од 73 поени и заостанува бод од лидерот Манчестер Сити, а до крајот на шампионатот остануваат 8 круга.
Во Лигата на шампионите Ливерпул гостува на Баерн Минхен во реванш дуелот од осминафиналето на турнирот утре, 13-ти март, од 21:00 часот. Во првиот натпревар двете екипи одиграа без голови.