Салах го постигна вториот најбрз гол во финалето на Лигата на шампионите

Од:

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах го отвори резултатот во финалето на Лигата на шампионите со Тотенхем по само една минута и 48 секунди по почетниот свиреж на судијата.

Овој гол е втор најбрз во финале на елитното натпреварување. Автор на најбрзиот погодок е Паоло Малдини од Милан кој на дуелот со Ливерпул во 2005 година се запиша во листата на стрелците по само 50 секунди игра.

Енрике Матеос исто така има постигна побрзо гол од Салах во 1959 година по само една минута, но тоа беше во Купот на европските шампиони.

По 35 минути игра вечерва во финалето во Мадрид, Ливерпул води против Тотенхем со голот на Салах од пенал.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска