Сабаленка се вакцинираше против коронавирус

Од:

Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка, објави дека примила вакцина против Ковид-19, откако минатиот месец поради зараза со коронавирусот го откаже настапот на турнирот во Индијан Велс.

– Во Мајами се вакцинирав со вакцината Џонсон&Џонсон. Се надевам дека сега сум безбедна, бидејќи веќе не ми се оди во карантин, изјави Сабаленка, пред претстојниот ВТА завршен турнир во Гвадалахара, на кој ќе настапат осумте најдобри тенисерки во оваа година.

Сабаленка наведе дека по заразувањето со вирусот четири денови не можела да оди.

– Минав во соба десет денови. Работев некои вежби, но тоа не е доволно. Загубив чувство за мирис и вкус и ова не е нешто што би посакале да ви се случи, изјави белоруската тенисерка.

Сабаленка во минатото изразуваше резерви во врска со вакцините против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Предраг Петровиќ

Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен