Руски новинар бил во Нагорно Карабах, поради тоа не го пуштаат да известува од ЕУРО2020

Од:

Рускиот новинар со ерменско потекло, Нобел Арустамијан, остана без акредитација за Европското фудбалско првенство поради повеќекратни посети на Нагорно – Карабах, ерменска енклава на територијата на Азербејџан, која е под контрола на Ерменија и населено со мнозинство Ерменци.

Арустамијан, кој е од ерменско потекло, а известува за руската телевизија „Match TV“, објави дека не добил акредитација за следење на ЕУРО2020 кое заеднички го организираат 11 европски градови, вклучувајќи ја и азербејџанската престолнина Баку.

За акредитација на новинарите на ЕУРО2020 е потребна согласност од сите 11 национални фудбалски федерации.

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Азербејџан, Елкан Мамадов, потврди дека неговата земја стои зад блокадата.

– Ова лице повеќе пати ги посетило окупираните територии. Тој човек ги прекршил законите на нашата држава, покажувајќи непочитување кон територијалниот интегритет на Азербејџан, изјави Мамадов за локалните медиуми.

Одбивањето да му биде издадена акредитација на Арустамијан предизвика гнев кај неговите руски колеги и матичната куќа.

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова истакна дека „нејзините служби работеле цела ноќ“ со УЕФА во обид да му биде овозможено на Арустамијан „да ги извршува своите професионални обврски“, воздржувајќи се, притоа, од критики кон Азербејџан со кој Русија одржува добри односи.

– Верувам дека ќе се најде решение, порача портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

Мери Јордановска