Русија го обвинува САД за исфрлање од Олимписките игри

Од:

Русија ги обвини Американците за поттикнување на исклучувањето на руските спортисти од Олимписките игри.

Еден ден откако Владимир Путин изјави дека „одредени тела на САД“ го притискаат Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) преку одреден спонзор, за суспендирање на руските спортисти од ОИ, неговиот портпарол Дмитриј Песков појасни дека претседателот на Русија мислел за државните структури, вклучувајќи ги и американските невладини организации.

Путин изјави дека има обиди да се спречи Русија да учествува на Зимските олимписки игри или нејзините спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Русија е во истрага на ИОК, дека наводно спроведела државна програма за допинг, која вклучува замена на примероци во лабораторија за време на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи.

Како пренесува агенцијата „АП“, претседателот Путин и портпаролот Путин, не навеле конкретно кое американско владино тело би може да биде вклучено во наводниот притисок кон ИОК.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

На Надал му е забранет настапот во Париз

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Апсења во Јапонија за корупција поврзана со спонзорски договори за Олимписките игри

А1он